Полицијата од Кардиф објави снимка од телефонски разговор во кој се слуша како пензионираниот Дејвид Магс на операторката од полицијата и признава дека штотуку ја убил својата бивша сопруга.
Дејвид ја повикал полицијата откако со нож ја избодел Линда (74), мајката на своите деца со која пред неколку недели се развел. Тој подоцна на полицајците им рекол дека партнерката се обидела после разводот да му ги земе двете куќи. Го признал убиството од небрежност и дека во тој момент бил полусвесен.
На аудиоснимката која е објавена кога Дејвид повикал полиција, се слуша како на операторката и вели „штотуку ја убив жена ми“. Таа продолжи да го испитува и тој и призна дека ја избодел сопругата со нож и дека лежи на креветот облеана во крв.
Кога го запраша дали таа се уште дише, Дејвид рече дека мисли дека починала и потоа почна да ја моли операторката да дојде полицијата и да му помогне, како и да испратат возило на Итната помош за секој случај.
Снимките од камерата на еден од полицајците покажуваат дека Дејвие седи на фотелјата и им вели дека му било доста од се.
„Се обиде да ми ги украде две куќи. Лани поминав пет месеци во болницата и таа ме посети само три пати. За тоа време ја средуваше документацијата и се овиде да прикаже дека куќата и припаѓа нејзе“, истакна тој.
Парот после разводот останал да живее во куќата вредна 200.000 фунти. Судењето за убиството ќе продолжи следната недела.
Извор: Mondo.rs
Видео: The Sun/youtube