Над 50 години тешко се слабее, еве неколку совети како да ја одржите тежината – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/22 1:14 PM

Над 50 години тешко се слабее, еве неколку совети како да ја одржите тежината

Губењето килограми по 50-тата година станува сè потешко, бидејќи како што старееме,  метаболизмот забавува поради губење на мускулната маса, вели Лори Чонг, диететичар од Медицинскиот центар во Охајо.- Повеќе мускули ја зголемуваат брзината на метаболизмот. Помалата мускулна маса ја намалува – вели Чонг и нагласува дека „жените можат да ослабат и по 50-тата година, но тоа потешко поради хормоналните промени кои се случуваат пред и по менопаузата“.
Ако имате над 50 години и сакате да ослабете, овие совети ќе ви помогнат да го направите тоа.
Започнете со вежбање
Дигајте тегови со ремени кои прават поголем отпор. Чонг вели дека ова помага да се намали губењето на мускулите, а со тоа и да се одржи метаболизмот.

Пијте вода
Водата му помага на целиот организам, а на храната и овозможува лесно патување низ метаболизмот. Течната храна, како чорбите, овошјето и зеленчукот исто така помага да се чувствувате сити со малку калории. Според клиниката Мајо, мажите треба да пијат околу 3,7 литри течност дневно, а жените околу 2,7 литри.
Движете се

Кардио вежбите, не само што го одржуваат срцето во форма, туку помагаат и во работата на метаболизмот. Колку е поинтензивен тренингот, толку метаболизмот подобро ја вари храната. Според Американското здружение за срце, возрасните треба да прават 150 минути кардио тренинг неделно.
Намалете ги шеќерите
Честото консумирање слатки може да придонесе за дебелеење бидејќи шеќерот создава дополнителни калории, но не обезбедува хранливи материи. Дневната граница на внес на шеќер е 25 грама, што е приближно на 2.000 калории.
Вежбајте „свесно“ хранење

Обрнувајте внимание на знаците на глад и на ситост. Тоа не само ќе ви помогне во одржувањето на витка линија, туку уште поважно, може да ја подигне кај вас свеста за физичката и емоционалната потреби за храна. На долг рок, и на одржувањето на саканата тежина. Дополнително, докажано е дека подигнувањето на свеста за први знаци на глад. помага во губење на вишокот килограми.

извор: espreso.co.rs