Замрзнати цевки и чешми – Стручните лица советуваат како да се справите со оваа ситуација – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/22 3:02 PM

Замрзнати цевки и чешми – Стручните лица советуваат како да се справите со оваа ситуација

Во овој период со температурата под нулата многу луѓе во нивното домаќинство се соочуваат со проблем со замрзнати водоводи.

Стручните лица советуваат дека прво треба да се лоцира делот од цевката што е замрзнат. Потоа ослободете ја околината за да можете да го третирате тој дел од цевката. Внимавајте да не ја удрите или пробиете цевката со алатката. Потоа, завиткајте ја цевката со крпи, и сè што ја задржува топлината подолго, а потоа прелијте го тој завиткан дел со топла вода. Не премногу жешко, бидејќи цевката може да пукне. Цевките кои се надвор од ѕидот можете да ги одмрзнете и со помош на фен или греалка, но постепено загревајте ги за да не пукаат.

Преземено од: https://www.alo.rs/