Со над 250 илјади денари ќе се реконструираат над 20 улици во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/22 2:12 PM

Со над 250 илјади денари ќе се реконструираат над 20 улици во Штип

Штипската власт годинава се насочува кон реконструкција на улици, тротоари и водоводни и канализациски мрежи. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека и покрај енергетската криза, огромните долгови и ограниченоста на буџетот на општината, нивото на инвестиции е проектирано на 37 отсто од вкупниот буџет за 2022.

Само во првиот квартал на годината ќе се почне со реконструкции вредни над 100 милиони денари.

– Веќе распишавме тендери за целосна реконструкција на улицата Кежовица во Ново Село, улиците Стив Наумов, Пане Гочев и Бел Камен во Исарот кои ќе добијат комплетна промена на водоводната и канализациона мрежа. Тендер за асвалтирање има распишано за улиците: Лески, Ристо Стојков, Баница, Ванчо Китанов, Сутјеска, Пиринска. На Пиринска ќе се уредува паркинг просторот спроти трговскиот центар Дујле, ќе се уредуваат улици во поранешната метална, ќе се асвалтира улицата Јосив Ковачев, а ќе се уредува тротоарот и ќе се асвалтира улицата Васко Карангеловски, рече Јорданов.

Кои други улици ќе се асвалтираат, а кои пак ќе добијат нови тротоари и водоводни и канализациски мрежи, прочитајте овде.