Францускиот амбасадор Сирил Бoмгартнер во Северна Македонија на денешната тркалезна маса „Пристапувањето на Западен Балкан кон ЕУ: Долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс,“ во организација на Советот на амбасадори се осврна на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон од јуни минатата година за ставот на Франција кон проширувањето на ЕУ.
Во контекс на француското претседавање со Советот на ЕУ, во однос на регионот, тој рече дека нема специфично да зборува за европската интеграција на Северна Македонија од различни причини и порача да се искуца на јутјуб и да се слушнат зборовите кои јавно се кажани на претседателот Макрон на 10 –ти јуни минатата година, кога го пречекал поранешниот премиер Зоран Заев кога јавно се било кажано. Па Бoмгартнер се осврна на тогашната веќе бајата изјава на Макрон.
„Што се однесува до регионот на Западен Балкан, ќе кажам дека наједноставно е да се повикаме на она што го кажа претседателот на француската република на конференцијата за печат на 9 ти декември минатата година, јас го цитирам: „Нашето блиско соседство, тоа е Западниот Балкан, ќе организираме во месец јуни конференција посветена на Западен Балкан, затоа што освен соседство, Западен Балкан се наоѓа во срцето на Европа. Доволно е да погледнете на карта, доволно е да ја погледнете нашата историја и овој регион денес се соочува со нови тензии. Историјата повторно се враќа во регионот, но и трагичните моменти понекогаш, затоа ние денес имаме посебна одговорност во однос на земјите од Западен Балкан. Треба да водиме политика на повторно ангажирање во регионот, но и во инветсициска програма за фаворизирање на европската интеграција за размена на луѓе, но исто така и решавање на малцинските прашања, и да се бориме против влијанијата кои што се своевидна манипулација од одредени сили преку кои Западен Балакан се обидуваат да ја дестабилизираат Европа. Мислам дека оваа работа која што е и политичка и економска во поглед на Западен Балкан е вистинска суверена агенда за нашата Европа, затоа што не ќе може да се изгради Европа во мир во наредните 50 години ако ги оставиме земјите од Западен Балкан во денешна состојба. Треба да се разјасни нивната европска перспектива да инвестираме во регионот и да имаме заедничка амбиција во наредните деции“, изјави францускиот амбасадор Сирил Бoмгартнер во Северна Македонија на денешната тркалезна маса.
„Ако сакаме да ја резимираме мислата на францускиот претседател можеме да забележиме и заклучиме три работи. Прво јасно потсетување на европската вокација за сите земји од регионот. Претседателот на француската република јасно го кажува тоа, регионот е во срцето на Европа, регинот има европски перспективи и ќе треба постојано да мислиме дека се зборува само за Северна Македонија, туку само за интегративен процес на сите 6 земји од Западен Балкан“, рече Бомгартнер.
За конференцијата која што е предвидена во месец јуни рече нема да биде специфична конференција наменета само за проширувањето, но тоа ќе биде централната тема.
„Франција веќе имала наврати, поводи и тоа на највисоко ниво да ја покаже својата посветеност, ангажман за напредување на европската перспектива на овој регион, а особено за европската кандидатура на Северна Македонија. И сакаме и продолжуваме да сме активно мобилизирани, постои тој спор и тие дискусии кои што се водат помеѓу Северна Македонија и Бугарија кои што се ветувачки и намерата на француското претседтаелство со Советот во тесна координација со сите други европски институции остануваме внимателни,мобилизирани и ќе се обидеме во соодветниот момент како да го олесниме тој процес за да добиеме она што е наша заедничка цел, а тоа е барање колку што е можно побрзо на преговорите за членство на ЕУ. Постои тоа прашање за европската интеграција, но друга клучна тема на одоговорот на претседателот е важноста која што се придава на регионалната интеграција,и тука станува збор за сосема кохернетност со француската стратегија за Западен Балкан, стратегија што самиот претседател на Франција ја посакуваше и пошироко соодветствува со генералниот пристап на ЕУ за овој дел од светот“, рече фрнацускиот амбасадор.
„Со два збора би заклучиле дека таа цел е многу важна, затоа што има две работи. Првата забележуваме дека постои недостаток на поврзаност во зоната и не треба да даваме конкретни примери, но фактот што се промовира европската регионална интеграција, тоа значи земјите потесно да соработуваат од регионот, а со тоа се зајакнува регионалната стабилност. И мислам дека има втора важна работа што не често ја имаме на ум, а тоа е дека регионалната интеграција значи да спроведуваме заеднички проекти со одредени финансии. И за да се спроведе тоа треба да се направи со точно утврдени европски правила, според европски норми. И затоа регионалната интеграција е нешто со што се забрзува прилагодувањето на правилата на унијата“, заклучи амабасадорот Бомгартнер.
Што се однесува до самата конференција контурите се сеуште недефинирани, рече тој се уште се гради како ќе изгледа таа конференција затоа што сакаме да разговараме со нашите партнери, за од една страна го најдеме најсоодветниот формат, но и содржината која ќе биде најкорисна.
„И постои француската волја да бидеме дел од една глобална визија во европската екипа на Брисел и по француското претседатвање во ЕУ ќе претседава Чешка која исто така планира конференција за Западен Балакн и мислам дека ќе с еобидеме помеѓу тие два настани совршено да се координираме“, изјави на денешната тркалезна маса, францускиот амбасаор Бомгартнер.
Г.Д