Припадникот на украинската национална гарда, Артем Рјабчук, е уапсен откако уби пет лица и рани пет други во фабрика за оружје во централна Украина.
Ова го објави министерот за внатрешни работи Антон Герашченко на Фејсбук, наведувајќи дека бил фатен во областа на Днепропетровск. Засега не се познати мотивите за овој налудничав чин, но она што го потврдија украинските служби, Рјабчук не бил под засилен надзор и ништо не укажувало на психички проблеми со овој војник. Според нив, тој со себе имал калашников и 200 куршуми.
Како што напиша министерот за внатрешни работи Антон Герашченко, 21-годишниот Рјабчук е од градот Измаил во Одеса. Тој рече дека ќе се истражува дали бил изложен на притисок од колегите, но и како ги положил прегледите врз основа на кои добивал дозволи за употреба на оружје.
Вооружениот напаѓач побегнал од местото на настанот, што довело до општа потрага која траела со часови пред осомничениот да биде уапсен, соопшти полицијата. Артем Рјабчук е роден во 2001 година, но полицијата објави уште неколку детали за него.
„Во секој случај, го чека најлошата можна казна за масовно убиство“, напиша тој
Рјабчук уби четворица војници и една жена, работничка во фабрика. Меѓу петтемина ранети има уште една жена војник.
Преземено од: https://mondo.rs/
Фото: MUP UKRAJNE