„Адел е размазена“ – фановите распалија по британската пејачка – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/22 9:15 PM

„Адел е размазена“ – фановите распалија по британската пејачка

Адел стана омилена меѓу публиката бидејќи беше „обична девојка од соседството“, но се чини дека оваа нејзина слика е минато.

Иако со години важеше за една од „приземјените“ светски ѕвезди, фановите почнаа да сфаќаат дека има промена.

Имено, по откажувањето на концертот во Лас Вегас, само еден ден пред тој да се одржи, фановите на британската суперѕвезда доаѓаат до нови сознанија.

Обожавателите плаќале меѓу 85 и 12.000 долари за билети, а на црниот пазар бројките достигнале 30.000. Многумина веќе пристигнаа во Лас Вегас и се шокирани од откажувањето.

Според бројните информации кои пристигнуваат од Лас Вегас, Адел не е жртва на околности, туку сосема спротивно – таа е виновна за доцнењето. Близок извор вели дека пробите за настапот траеле пет недели, но таа ниту еднаш не дошла да ја види сцената.

„Таа дојде таму три дена пред првиот концерт и „пукнала““, изјавил извор за британските медиуми, додавајќи дека и тимот на Адел бил „тотален кошмар“ за време на подготовките за тримесечниот престој во САД. Наводно, несогласувањата меѓу Адел и нејзиниот менаџерски тим се постојани и доста турбулентни.

Познато е дека Адел страда од вознемиреност кога се во прашање настапите во живо, но уште едно откажување во низата, обожавателите тешко дека ќе го простат.

„Ова е непростливо однесување“, „Колку е арогантна“, „Можеше да го наполни базенот со тие солзи“, „Значи, да ви кажам накратко, дивата имаше напад на бес“, се дел од коментарите на нејзиниот плачлив пост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Преземено од: https://nova.rs/