Наставата ќе продолжи со физичко присуство на учениците – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/22 7:45 PM

Наставата ќе продолжи со физичко присуство на учениците

Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, одлучи Владата на денешната 7-ма редовна седница.

-Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, соопшти владината прес-служба.

МИА