Две години од смртта на Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во историјата – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/22 4:16 PM

Две години од смртта на Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во историјата

Прославениот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата, Коби Брајант, го загуби животот на денешен ден пред две години.

Брајант настрада во хеликоптерска несреќа во која на 26 јануари 2020 година во местото, западно од Лос Анџелес, загинаа и неговата 13-ет годишна ќерка Дијана и седум други патници.

Познат под прекарот „Црната мамба”, Брајант во кариерата освои пет титули во НБА, последната во 2010 година, а во кошаркарска пензија замина во 2016 година.

Брајант целата своја кариера на клупски план ја мина во Лос Анџелес Лејкерс, а со американската репрезентација освои две златни олимписки медали, во 2008 и 2012 година.

Во мај минатата година Брајант постхумно беше примен во кошаркарската Куќа на славните.