Полицијата го уапси 33-годишниот А.Л. од Велес само десет минути откако вчера ограбил возило на главната улица во градот. Кражбата се случила околу 16:50 минути, а десет минути подоцна, крадецот е фатен на улица „Благој Ѓорев“, јави полицијата.
„На 25.01.2022 во 17.00 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода А.Л.(33) од Велес. Тој се сомничи дека околу 16.50 часот извршил „тешка кражба“ од патничко моторно возило „тојота корола“, со велешки регистарски ознаки. А.Л. бил приведен во полициска станица“, рече Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.