Тешкиот рударски труд ја движи Македонска Каменица – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/18 2:19 PM

Тешкиот рударски труд ја движи Македонска Каменица

Доза возбуда на одбележувањето  на  Денот на рударите во Македонска Каменица внесе новото законско решение, со кое се овозможува бенифициран стаж за вработените во рударската индустрија. 12 месеци работа ќе се сметаат како 18 работни во стажот. Синидкатот со години се обидуваше да издејствува бенифициран стаж, што заедно со неодамна договореното линеарното покачување на платите на рударите во рудникот Саса за 5.500 денари е значајно подобрување за рударите. Но, и за рударските градови, како што е Македонска Каменица, каде 700 семејства живеат од рудникот. Првиот општински синдикалец Ване Насковски, вели дека ова е почеток на синдикалната борба, која вклучува поголема плата и подобри безбедносни услови за работа.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=UfTf6l6ZfO8]
-Ние одиме и за понатамошно зголемување на платата во рудникот „Саса“и целиме секој рудар да има плата од 1000 евра. Сите знаеме дека рударството е тешка професија, веќе тешко да се најде рудар да се нафати. Газдите ако сакаат да имаат рудари, ќе мора и тие да размислуваат на зголемување на платата, е ставот на в.д. претседателот на  синдикатот МЕСО во Каменица.
Рударскиот труд го разви градот
Рудникот ја создаде и ја развиваше Македонска Каменица. Пензионерот Малиш Велиновски работел 28 години како рудар. Велиновски се потсетува на малата рударска населба, која почнала со една единствена