Пронајдени две тела на починати лица мигранти покрај пругата во кумановското село Табановце, соопшти денеска полицијата која се уште врши проверки за утврдување на идентитетот.
-Денеска во 15.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и се уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет, соопшти СВР Куманово.
Екипа на кумановската полиција извршила увид на место на настанот.
МИА