Каков ви е креветот, таков е и вашиот карактер – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/22 4:06 PM

Каков ви е креветот, таков е и вашиот карактер

Иако местењето на креветот по будењето не е голема работа, многу луѓе избегнуваат да го прават тоа. Некои сметаат дека тоа е губење време бидејќи и онака на крајот од денот повторно ќе легнат во него. Други едноставно се мрзливи, а некои стануваат доцна и брзаат по обврски. Светските психолози сметаат дека местењето кревет не е само доказ дека сте вредни и уредни, туку дека тоа има многу подлабоко значење.
„Внимателното затегнување на чаршафите, местењето перници, уредното виткање на ќебињата,  кажува многу за луѓето – велат експертите.
Еве што значи оваа утринска рутина за многумина.
Сакаат да се чувствуваат корисно
Оние кои внимателно го местат креветот кога излегуваат од спалната соба, имаат чувство на задоволство дека од утрото направиле нешто корисно. Поради тоа работниот ден го започнуваат горди на себе и таа енергија ги одржува.
Дисциплина
Доколку немате навика да го местите креветот, а неодоливо сакате да го посвоите, експертите велат дека се потребни 66 дена за една задача да стане навика и рутина.
Одраз на среќа
Според едно истражување, 70 отсто од луѓето кои го местат својот кревет секое утро, изјавиле дека се оптимисти, задоволни и среќни со својот живот и дека би промениле само неколку материјални работи како автомобили или мебел. Повеќе од една третина од оние кои не се навикнати да не го средуваат креветот, живеат сами, не се задоволни од својот статус и би сакале да го сменат работното место и местото на живеење.
Контролори
Луѓето кои го местат својот кревет наутро сакаат да го имаат животот под контрола, а креветот е само еден детаљ во таа загатка.

извор: Informer.rs