Теоријата преточена во практика, си наоѓа пат до успехот.Доказ за тоа се тимот студенти од Економскиот факултет при УГД,кои се вратија со освоено пето место на елитниот натпревар на тргување на берзи Rotman International Trading“, што се одржа во Италија.
Ивана Арапева,Владимир Ричлиев,Елена Арсова и Марјан Димов, под менторство на професорката Елена Веселинова се дел од тимот што го постигна одличниот резултат,остварувајќи пласман меѓу најдобрите пет тимови .Добија признанија и награди.
Ректорот на Универзитетот Блажо Боев поздравувајќи го нивниот успех на приемот што го организираше, рече дека нивниот резултат е многу важен и за Универзитетот но и за нивното вклучување во меѓународното образование.
,,Мислам дека е време поблиску да се интегрираат,поблиску да се доближат до нивните колеги од другите универзитети и да го претстават она што се изучува во Република Македонија.Јас се надевам дека на овој Универзитет се изучуваат вредности кои се европски вредности и имаме европски знаења.-рече Боев
Со освоената награда докажавме дека нашите студенти поседуваат јаки вредноста,знаења, способности,култура и однесување,смета деканот на Економскиот факултет Трајко Мицески.
,,Ние таму успеавме да освоиме високо пето место.Зад нас останаа многу ценети факултети и Универзитети кои што се на Шангајската листа,,-потенцира Мицески
Нашиот постигнат резултат ни најмалку не беше случаен, вели нивната менторка, професорката Елена Веселиновска.Се должи на многу труд, исклучителна посветеност и на квалитети како индивидуи, што пак беше мултиплицирано во нивниот тимски дух.
,,Затоа се надевам дека ова ќе послужи како пример во иднина да не биде исклучителен случај,туку да го помножиме успехот неколку пати во иднина,,изјави Веселиновска
Учеството на овој натпревар е многу важно за нас.Работевме напорно, што на крај беше и наградено, смета Марјан Димов, еден од членовите на успешниот тим.
,,Самиот натпревар е од практична природа.Таму нема никакво зборување, нема никакво објаснување.Факултетот тоа знаење што ни го има дадено е доста важно, затоа што ни овозможи да постигнеме одличен резултат.Очекувањата ни беа добро да го претставиме Универзитетот, но еве ние завршивме на пето место,,-рече Димов.
За студентката Ивана Арапева,учеството во овој натпревар беше како еден тест, збир на сите знаења од четирите години од студирањето на Економскиот факултет.Таа со апел повеќе внимание при студирањето да се посвети на праксата,зошто теоретското знаење не е доволно за да се вклучат во реалниот свет.
,,Сега за нас лично, со тие три месеци подготовки кои што секојдневно ги имавме,можам да кажам дека имаме некоја основа на која можеме да се базираме.Инаку теоретски, само со наставата што ја имаме на факултет мислам дека воопшто не е доволно,,смета Арапева.
Не само Економски факултет и Универзитет „Гоце Делчев”, туку и Република Македонија за првпат учествуваше на ваков престижен натпревар за тргување на берзи кој има статус на европско првенство во својот домен.