Од денес конечно со својата Анче – Почина маестро Александар Џамбазов – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/22 12:24 PM

Од денес конечно со својата Анче – Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска на 85 годишна возраст почина македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов. Веста за смртаа на Џамбазов ја соопшти неговиот син, Игор Џамбазов на социјалната мрежа Инстаграм при што напиша „Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, стои во објавата на Игор.

Александар Џамбазов е роден на 3 ти февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој завршил музичка академија во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио – телевизија, како диригент на Тацовиот и Ревискиот оркестар. Џамбазов е добитник на голем број стручни награди. творец е на голем број детски песни, а воедно иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“. Пишувал сценска и филмска музика, („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар, „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар и др. Компонирал и   хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.