Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката ја достави до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информира владината прес-служба. Оваа препораката од Комисијата, како што наведуваат од Владата, е поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.
На седницата на ГККШ, министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19.