Живеела во трошна куќа без тоалет – Српската пејачка пораснала во голема сиромаштија, а денес има луксузна вила – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/22 8:26 PM

Живеела во трошна куќа без тоалет – Српската пејачка пораснала во голема сиромаштија, а денес има луксузна вила

Пејачката Рада Манојловиќ никогаш не криела дека пораснала во трошна куќа во селото Четереже.

По смртта на нејзината мајка живеела со сестра и и татко, а првите заработени пари од настапот ги вложила во нова куќа за да им обезбеди удобен живот. Според шпекулациите, Рада во новиот имот инвестирала дури 100.000 евра.

Рада често престојува во својот дом за кој, како што признава, емотивно е врзана.

Семејно одгледува многу животни, а како што кажа еднаш, таа и нејзината сестра Маја никогаш не се занимавале со тоа бидејќи нивната задача била да ја средат куќата. Во дворот каде што пораснала пејачката можеле да се видат трактори, комбиња и разен шут. Користеле полски тоалет, а капењето им било снаоѓање.

-Се снаоѓаш. Имаш шпорет, грееш вода и готово – изјавила во една прилика пејачката која денес има луксузна куќа во истиот двор опремена со квалитетен мебел.

Рада пред неколку години обезбедила стан за себе во Белград вреден 70.000 евра. Таа моментално таму живее со нејзината сестра Маја која и помага во се.

Извор: Телеграф.рс