Родители си го исфрлиле петгодишното дете на улица: Плачело голо и босо на мразот пред својот дом – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/22 2:32 PM

Родители си го исфрлиле петгодишното дете на улица: Плачело голо и босо на мразот пред својот дом

Во сибирското село Селезнево, родителите кои не биле задоволни со однесувањето на петгодишниот син, го исфрлиле од дома на улица. Она што ја згрози јавноста е што таткото и мајката го исфрлиле детето без трошка облека на себе, додека надвор имало мраз, снег и ниски минусни температури.

Полицијата соопштила дека детето долго било на студот пред да го пронајде случајно една жена која го слушнала како плаче. Се доближила до оградата и го видела детето – голо и босо среде зима на улуца.

Детето имало уште двајца браќа, но сите деца после овој инцидент им биле одземени на родителите, на кои не им било првпат да останат без старателство врз децата.

Во руската република Алтај во Сибир е покрената кривична постапка против родителите за лошо однесување и воспитување.

Извор: Mondo.rs