Инстаграм моделот и интернет сензацијата Кендис Клос се прослави како „живата Барбика“, која има потрошено неверојатни 15.000 долари во обид да изгледа што повеќе како кукла. Но, таа неодамна реши да ги отстрани сите филери од лицето, за да се врати на својот нормален изглед.
21-годишната девојка од Њујорк со години вбризгува филери во лицето, а решила да ги отстрани истите од образите и усните бидејќи „заборавила како изгледала пред да ги употребува“.
View this post on Instagram
Кендис, која има бразилско и јапонско потекло, додала дека сфатила дека сите зафати кои ги направила ја прават да изгледа многу постаро, а и пречи и тоа што лицето и е „замрзнато“.
– Сфатив дека не станав поубава, но толку многу филери на лицето всушност ме направија да изгледам постаро. Многу млади жени ставаат филери, но не разбираат кога одат предалеку.
Поминав години изгледајќи лажно, но сега сакам да бидам природна убавица. Сега кога ги извадив, се чувствувам многу подобро“, напишала атрактивната русокоса.
Кендис, која ја следат многу луѓе на Инстаграм, изјавила дека нејзините родители и пријатели на почетокот биле шокирани додека ја гледале како се претвора во жива кукла, но на крајот се навикнале на тоа.
Но, и покрај тоа што ги извади филерите, Кендис се уште практикува да се облекува, да се шминка и да се облекува како кукла, па не се гледа голема разлика.
View this post on Instagram
Секогаш експериментирав со изгледот, но во 2019 година навистина почнав да инсистирам на изгледот на кукла. Со години ја бојадисував косата во блонди, а потоа почнав да се шминкам како кукла. Сè уште носам таква шминка, но сето тоа изгледа подобро кога нема филери. Трошам околу 2.000 долари месечно на фарби и екстензии за коса. Исто така, носам само бела и розева за да го задржам изгледот на куклата – објаснила таа.
Исто така, Клос тврди дека има коефициент на интелигенција 137 и дека е членка на Менса, а според вагата за мерење на коефициентот на интелигенција, генијалците го имаат тој коефициент на интелигенција.
Преземено од: https://www.srbijadanas.com/
Фото: Instagram printscreen/candicekloss