Новиот градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски ја подновува општината со 35 нови компјутери за кои вкупно ќе се платат 37.500 евра.
Пет од компјутерите чинат над 109.000 денари или околу 1.800 евра за еден. Општината само за овие пет комјутери ќе плати 8.900 евра. Но, и останатите 30 компјутери не се со просечни цени, па така еден чини 975 евра или вкупно 30 -те компјутери чинат 28.600 евра.
Тендерот го добила компанијата „АЛ ГО СИСТЕМИ“ од Скопје и е склучен на 10 јануари која треба да ги испорача во рок не подолг од два месеци од кога ќе добие налог од Општината. Договорот е со времетраење од 12 месеци.
„Во насока на подобрување и унапредување на квалитетот на услугите и во согласност со ИКТ-стратегијата на Општина Аеродром и годишното планирање на активностите, беше спроведена јавна набавка на компјутери за успешно и целосно спроведување на процесот на дигитализација. При набавката на нова опрема се изготвија квалитетни и детални технички спецификации.
Неопходноста од набавката на хардвер доаѓа од потребата за замена на постојниот, кој е стар и дотраен. Во принцип, предвидено времетраење на користење на еден компјутер е 5 години, а по тој период тој сметководствено добива вредност 0. Иако не сите компјутери кои се постари од 5 години се расипани и треба да се исфрлат од употреба, стратешки се планира нивна замена со нови, при што приоритет имаат серверите како носители на целокупната работа на Општината. При набавката беа добиени 5 понуди од кои беше избрананајповолната понуда со најниска цена“, велат за ММС од општина Аеродром.
Во тоа што е објавено на Бирото за јавни наавки нема детали од техничката спецификација со која конфигурција се комјутерите кои ги купува општина Аеродром и тие, кои чинат 1.800 евра за парче, но и тие од по речиси 1.000 евра наменети за вработените во Општината.
„Исто така, Општината има десет дисперзирани општински канцеларии – урбани и месни заедници, кои исто така имаат потреба од опремување со персонални компјутери, со цел граѓаните да можат и непосредно да ги добијат услугите според местото на живеење.
Што се однесува до конфигурацијата и техничките спецификации, од вкупно набавените 35 компјутери сите се со лиценциран софтвер, а пет се со пософистицирани перформанси за потребите на Секоторот за Урбанизам, каде се користат програми со висока резолуција како што се ГИС, аутокад и други лиценцирани софтвери клучни за работата на овој сектор“, додадоа од општината.
А.С./О.К.
фото: Pixabay