Слеп патник преживеа лет од Јужна Африка до Амстердам – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/22 9:45 PM

Слеп патник преживеа лет од Јужна Африка до Амстердам

Во опрема за слетување на товарен авион кој летал од Јужна Африка до Холандија пронајдено е едно лице.

Холандската полиција соопшти дека лицето е пронајдено во предниот дел на опремата за слетување на авионот кој долетал на аеродромот Шипхол во Амстердам.

Во соопштението се наведува дека личноста е во добра здравствена состојба и е пратена во болница за дополнителни лекарски прегледи.

Опремата за слетување на товарниот авион се состои од збор на тркала и амортизери кои се затвараат за време на летот.

 

извор:Н1