Големи демонстрации против ковид-пасошите и рестрикциите во Брисел, полицијата одговори со водени топови и солзавец – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/22 7:15 PM

Големи демонстрации против ковид-пасошите и рестрикциите во Брисел, полицијата одговори со водени топови и солзавец

Белгиската полиција во Брисел искористи водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа на протестите против вакцинацијата и рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

https://twitter.com/disclosetv/status/1485206030191628293

Протестите следеа по демонстрациите одржани во повеќе европски градови вчера, на кои се излегоа илјадници луѓе.

Демонстрантите протестираа против ковид пасошите и другите мерки кои владите ги воведуваат за сузбивање на заразата со ковид, извикувајќи „Слобода“ низ улиците на Брисел.

Полицијата ги повика да се разотидат бидејќи протестите се завршени, но по нивното игнорирање полицијата искористи водени топови, а беше фрлен и солзавец.

Ова инаку беше петти протест против рестриктивните мерки во последните два месеци, а и претходните четири ги одбележаа насилството и судирите со полицијата.

Додека полицијата тврди дека на протестот имало десетина илјади луѓе, организаторите велат на улиците излегле повеќе од 100 илјади.

 

извор:Н1