Ирска: Двајца мажи донесле мртовец во пошта со цел да ја подигнат неговата пензија во негово „присуство“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/22 4:33 PM

Ирска: Двајца мажи донесле мртовец во пошта со цел да ја подигнат неговата пензија во негово „присуство“

Ирската полиција покренала истрага откако двајца мажи во петок наутро во пошта донесле мртов маж, со цел да пробаат да ја подигнат неговата пензија, пренесуваат ирските медиуми.

Овој бизарен случај започнал во петокот околу 11 часот и 30 минути по локално време во градчето Карлоу, југозападно од Даблин, кога еден од мажите влегол во поштата за да ја подигне пензијата на друг човек.

Вработените во поштата го одбиле ваквото барање со објасување дека за подигнување на пензијата е потребно да биде присутен и човекот кому му припаѓа, па мажот излегол надвор и се вратил внатре со телото на починатиот човек.

Откако вработените станале сомничави, двајцата мажи побегнале оставајќи го телото во зградата.

Ирската полиција го истражува случајот и околностите за смртта на човекот, а наводно двајцата мажи го познавале починатиот.

 

извор:Н1