Десетгодишно девојче ја преживеало ноќта за време на силно снежно невреме во Русија, прегрнувајќи куче, пренесува „Си-Ен-Ен“ повикувајќи се на руски медиуми.
Девојчето чие име не е објавено, заминало од училиште во Улегорск, но поради силниот снег и ветровите кои го погодиле островот Сахалин, не успеало да се врати дома.
Властите и локалното население цела ноќ трагале по девојчето откако било утврдено дека е исчезната. Тие потрагата ја насочиле на куче, бидејќи мештаните пријавиле дека виделе девојче кое си игра со куче, вечерта пред да исчезне. Освен ова и родителите во полиција истакнале дека девојчето е голем љубител на животни.
Добловолец утредента го пронашол девојчето кое седело со кучето во неговата куќичка на отворено и го прегнувало со цел да се стопли.
Девојчето било пренесено во болница и било утврдено дека се наоѓа во добра сотојба.
извор:индекс