Валентин Инцко вели дека нон-пејперот, неофициалниот документ за промена на границите на Западен Балкан по етнички линии, сепак постои.
Високиот претставник во Босна и Херцеговина кој не се појавуваше во медиумите откако ја напушти оваа функција, даде интервју за словенечките медиуми и како што пишува „Репортери“ рекол дека овој документ стои во неговата фиока речиси четири години.
Факсимилот на интервјуто во кое Инцко ги изнесува овие ставови на својот Твитер профил го објави словенечкиот премиер Јанес Јанша, за кој се веруваше дека е автор или коавтор на документот.
V vednost @strankaSD @StrankaLMS @strankalevica @StrankaSAB #KUL https://t.co/f9VTlp4Mcv
— Janez Janša (@JJansaSDS) January 22, 2022
Во април минатата година документот прв пат го овјавија словенечките медиуми, наводно под авторство на словенечкиот премиер Јанша, а упатен кон претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, за време на претседавањето на Словенија со ЕУ.
Инаку бидејќи се работи за „неофицијален дипломатски документ“ наменет за соопштување на различни ставови и иницијативи без формален карактер, тој немаше ниту потпис.
Постоењето на ваков документ тогаш го демантираа Јанша и членови на Европскиот Совет, а целиот случај, судејќи по неодамнешните изјави на поранешниот висок претставник, се уште нема добиено епилог.
извор:Б92