Уште едно семејство подари живот на тројца донирајќи ги органите на својот близок за трансплантација – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/22 5:40 PM

Уште едно семејство подари живот на тројца донирајќи ги органите на својот близок за трансплантација

Доцна во ноќта се изврши експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега од пацинет, кај кого беше констатирана мозочна смрт. На еден млад човек му е даден нов живот, кој доби ново срце, додека кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите.

-Уште едно храбро семејството вчера одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт, соопштија од Министерството за здравство.

Уште неколку пациенти, како што додадоа, во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

– Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство  подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж. И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат, посочија од МЗ.