Стадион: Говорењето на македонски јазик во Пиринскиот дел е еден од факторите за бугарското противење – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/22 4:52 PM

Стадион: Говорењето на македонски јазик во Пиринскиот дел е еден од факторите за бугарското противење

Во денешното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77 гостуваше лингвистот д-р Емил Ниами, кој зборувајќи за динамичната промена на јазиците како пример го зеде англискиот јазик, кој во денешно време има различни норми од времето на Шекспир.
Ниами потсети и на фактот дека бугарскиот јазик се ослободувал од турцизмите, кои биле во голем наплив и некаде на почетокот на 19 век постои статистика дека од 30.000 зборови во бугарскиот речни, 5000 биле турцизми, па почнува нивно заменување со старословенски.
-Следи влијанието на Русија врз бугарскиот јазик, покрај францускиот кој бил јазик на науката, нормално наметнал нова лексика. Гледаме денеска за се’ ново што ќе се појави од англискиот јазик, го прифаќаме. Има многу различни влијанија, рече Ниами во „Стадион“.
Тој го спомена Блаже Конески кој, како што рече успева да среди многу работи и таа реакција е еден искрен поглед кон она што се случува.
-Тој и самиот кажува – зарем мислевте дека туку така е настанат македонскиот јазик. Не, тука живеел, со векови постоел македонскиот народ, кој се борел за својата самобитност. Една од причините поради која што се негира македонскиот јазик, тоа и Конески го кажува токму во тој дел од таа негова реакција го споменува за Пиринскиот дел – тој вели: „Зарем таму не се зборува македонскиот јазик“?!, рече Ниами.
Повеќе од видеото:

фото:respublica.edu.mk