Неверојатна појава е регистрирана во Грција, на островот Крит, каде водите на реката Геропотамос станаа црвени, а посетителите јавуваат дека мириса на крв.
Од управата на пристаништето објаснија дека загадувањето може да го истражат само доколку стигне до устието на реката. Полицијата го истражува случајот. Во областа е испратена патрола. Жителите се сомневаат дека обојувањето на реката е поради крв што доаѓа од општинската кланица.
River in Crete runs red, smells like blood https://t.co/cVdV2jpUL8#greece #greek #greekcitytimes pic.twitter.com/dOmFkE4Q49
— Greek City Times (@greekcitytimes) January 21, 2022