Пејачот Аки Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст, потврди за хрватски „24сата“ неговиот менаџер Дамир Осредечки.
– Утрово му се слоши, заврши во болницата во Ново Место. Пред еден час ми рекоа дека починал, се уште не ја знаеме причината за смртта – изјави Осредечки.
Веста ја потврдија и колегите на Аки од Парни Ваљак на официјалниот ФБ профил.
На социјалните мрежи се простија од Аки од Парни Ваљак.
Александар Аки Рахимовски е македонско и хрватски пејач роден на 05.06.1955 година во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор, со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење. Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни Ваљак”.