Програмерите со просек од 74.062 денари плата остануваат на врвот на најплатени – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/22 11:43 AM

Програмерите со просек од 74.062 денари плата остануваат на врвот на најплатени

Највисока нето плата во ноември, според Државниот завод за статистика е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 74.062 денари, со што програмерите се со највисоки плати во земјава.

На второ место се вработените од секторот Воздухопловен транспорт  со плата од 52.032 денари, по што следи Производство на фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 47.086 денари,

ДЗС објави дека во ноември лани просечната плата изнесува  29.130 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата била 43.509 денари.