АМСМ информира дека на патниот правец Струга – г. п. Ќафасан има забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Поради ниските утрински температури наместа е можна појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Објавено на: 01/22/22 9:52 AM