Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да го мине првото коло на јуниорскиот Австралија опен. Талентираниот Македонец рано утрово загуби од Јарослав Демин (Русија) со 2:0, по сетови 6:7 и 5:7, по речиси два часа борба.
Ивановски важеше за десетти фаворит на турнирот.
МИА