Маврово со највисока снежна покривка во најниски утрински температури од -16 – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/22 9:27 AM

Маврово со највисока снежна покривка во најниски утрински температури од -16

Во ноќните часови облачноста се намали, но дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Утрово е сончево и многу студено со мала, а на североистокот со умерена облачност.

Измерени се -16 степени во Маврови Анови, -14 Битола, Берово, -13 Крушево, -12 Крива Паланка, -11 Тетово, Дебар, -10 Прилеп, Охрид, Претор, -9 Штип, -8 Струмица, Демир Капија, -7 Скопје-Зајчев Рид, -6 Куманово, -3 Дојран, -2 Гевгелија.

 Снежна покривка:

36 Маврови Анови, 32 Попова Шапка, 19 Пожаране, 16 Битола, Крушево, 12 Охрид, 10 Дебар, 7 Гостивар, Крива Паланка, 6 Тетово, Претор, 2 Скопје-З.Рид, Берово.

 Наврнат воден талог:

Наврна 12  литри на квадратен метар во Претор, 10 Охрид, Дебар, Пожаране, 6 Битола, 5 Тетово, Крушево, 3 Д.Капија, 2 К.Паланка, Берово, 1 Скопје Зајчев Рид, Штип.

Времето денеска:

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Поради ниските температури има опасност од појава на голомразица.  Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 2 степена.