„Дарио Стојановски и неговиот тим кој работеше на грант преку Програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ завршија со основните истражувања на ридската желка (Testudo hermanni) и полската желка (Testudo graeca) во парк-шумата Гази Баба. Истражувања (2019-2021 година) ги збогатуваат сознанијата за екологијата и популацискиот статус на овие желки – според анализите популациии во паркот се проценуваат на неверојатни ~1045 ридски и ~153 полски желки“, стои во објавата на фејсбук страницата на МЕД.
Според Меѓународната унија за зачувување на природата двата вида желки се скоро засегнати до ранливи видови во Македонија но и глобално, а според ЕУ директивата за живеалишта секој регион каде се присутни треба да биде приоритет за заштита.
„Со оглед на големината на популациите во парк-шумата Гази Баба, неговата достапност и потенцијал за еколошка едукација, тој би требало да биде национален приоритет за заштита и ефикасно управување! Наредната година, на неколку истакнати локации во паркот ќе можете да разгледате инфотабли кои ќе Ве охрабрат да ја препознаете следната желка што ќе ја видите во паркот и пошироко“, стои во објавата од МЕД.
Фото: Фејсбук МЕД