Од државната каса ќе одат шест милиони евра на ЕСМ за преземање на БЕГ – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/22 1:20 PM

Од државната каса ќе одат шест милиони евра на ЕСМ за преземање на БЕГ

на сметката на АД ЕСМ ќе бидат префрлени шест милиони евра за преземање на управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона, од БЕГ. Ова го потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Средствата ќе се користат и во делот на плаќањето на разликата од реалната и постојната цена на топлинска енергија за цела 2022 година.
Проекциите за сумата се направени од ЕСМ, Регулаторната комисија за енергетика и раководството на ЕСМ – Енергетика, која произведува топлинска енергија.
„Ќе видиме како ќе се движат и фјучерсите за февруари и март и откако ќе имаме понуди, сумата може да биде помала. Според сите предвидувања, цените ќе бидат пониски од оние во јануари, рече Бектеши. Тој додаде дека ЕСМ има доволно количини на јаглен за производство на струја. Во моментов на депонија има околу 250 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола, од домашно птоизводство и од увоз.

М.Т.