На Германија и недостига работна сила – Планираат да „увезат“ 400 илјади работници годишно – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/22 11:55 AM

На Германија и недостига работна сила – Планираат да „увезат“ 400 илјади работници годишно

Новата германска коалициска влада сака на годишно ниво да привлекува 400 илјади квалифицирани работници од странство, со цел да го реши проблемот со недостатокот на работна сила во клучните сектори, проблем кој би можел да го успори економското оправување на државата по пандемијата.

– Недостатокот на стручна работна сила стана толку сериозен што драматично ни ја успорува економијата, вели Кристијан Дуер од Слободните демократи.

За Германија да биде атрактивна за работниците, коалициските партнери договорија систем на бодување за стручњаците кои доаѓаат надвор од границите на ЕУ, а ја подигнаа и минималната саатница на 12 евра.

Германскиот економски институт проценува дека работната сила годинава ќе се намали за повеќе од 300 илјади луѓе,  бидејќи поголем дел од работниците одат во пензија отколку што младите влегуваат на работниот пазар.

Ваквиот јаз до 2029 би можел да се зголеми на повеќе од 650 илјади луѓе, а до 2030 акумулираниот недостаток на работоспособни луѓе би можел да достигне бројка од пет милиони.

 

извор:Н1