Европската референтна цена на електричната енергија во третиот квартал од минатата година во просек изнесуваше 105 евра за мгвч., што е за 211 отсто повеќе во однос на истиот период во 2020 година и за 164 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Додека, цените на бензинот на големо во ЕУ се зголемија на рекордно ниво во третиот квартал од лани, се вели во кварталниот извештај на Европската комисија (ЕК) објавен оваа недела.
Што се однесува до пазарот на гас, во Извештајот стои дека големопродажните цени во Европа продолжија да растат нагло во текот на третиот квартал лани, зголемувајќи се на 85 евра за мегават-час до крајот на септември – ниво што ретко се гледа во европските центри. Ваквите високи цени на големо резултираа со скок на големопродажните цени на електричната енергија, а потоа и на значително зголемување на малопродажните цени, се вели во Извештајот.
Во кварталниот извештај за пазарот на електрична енергија се посочува дека потрошувачката во ЕУ во третиот квартал од 2021 година е зголемена на нивото од истиот период во 2019 година, т.е. пред пандемијата, поттикната од стабилно економско закрепнување и олеснување на ограничувањата. Економското закрепнување по главниот удар на пандемијата предизвика експлозија на светските цени на бензинот и значително ги наруши глобалните синџири на снабдување и доведе до рекордни цени на електричната енергија на европските пазари.
Зголемените цени на гасот, исто така, го запреа напуштањето на јагленот како енергенс, зголемувајќи го производството на електрична енергија во електраните на јаглен и покрај зголемените цени на јагленот.
извор: 24sata.hr