Воведени забрани за камиони на Стража и Дебар – Маврово – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/22 8:45 AM

Воведени забрани за камиони на Стража и Дебар – Маврово

АМСМ соопшти дека од 08:30 часот поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од 4:50ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово.
Во северните и североисточните краеви на земјата поради паѓање на снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови на земјата сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози.