Беким Сали ќе го менува составот на Комисијата за заразни болести – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/22 3:13 PM

Беким Сали ќе го менува составот на Комисијата за заразни болести

„Промените во составот на Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области. Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата“, изјави за МИА министерот за здравство Беким Сали.
Професионалното работење на Комисијата за заразни болести, како што посочи министерот, е од најголема важност, а одговорот кон потребите на граѓаните е врвен приоритет.
– Апсолутно го разбирам интересот на јавноста за натамошните чекори во врска со составот на ова тело, бидејќи околностите бараат засилено и координирано дејствување врз основа на стручни и реалистични проценки. Во оваа Комисија веќе има доста искусни професионалци во своите области, а натамошните чекори ќе подразбираат надградба, усовршување и професионализација. Целта на овие мерки е намалување на бројот на заразени лица, како и воопшто, заштита на јавното здравје, во најдобар интерес на граѓаните“, додаде министерот Сали.

МИА