Српскиот фолкер Аца Лукас денеска итно бил примен во Ургентниот центар. -Добро сум, имав стомачни проблеми. Ме задржаа неколку дена да се опоравам – кратко изјави Лукас.
Најпрвин неговиот музички продуцент Саша Мирковиќ објави дека Аца е во болница:
– Точно е дека Аца Лукас заврши во болница на одделението за гастроентерологија. Се чувствувал уморен и слаб и му направија детални прегледи. Само ќе ви кажам дека е преуморен, бидејќи претходните денови и недели работеше многу… Му дадоа витамински коктел – рекол и додал дека Лукас бил ставен на инфузија.
Според него, не станува збор за сериозна ситуација. Тој претпоставува дека пејачот се преморил во изминатиот период бидејќи имал премногу настапи.
Аца Лукас минатата недела најави дека планира да настапи на фестивалот Беовизија и дека себе си се смета за идниот претставник на Србија на изборот за песна на Евровизија.
извор и фото: Srbijadanas.com