Австриската коалициска влада предводена од конзервативците денеска соопшти дека воведува лотарија како поттик за вакцинација против ковид, неколку часа пред седницата на парламентот на кој треба да се одлучува за задолжителната вакцинација.
Околу 72 отсто од жителите на Австрија се вакцинирани против ковид, што е една од најниските стапки во западна Европа.
„Што можете да освоите на лотарија за вакцинација? Купони!“ – одговори германскиот канцелар Карл Нехамер на прес-конференцијата со новинарите.
Тој истакна и дека сака да воведе и парична награда за вакцинација.
Граѓаните ќе добијат една картичка за секоја доза, а оние кои примиле бустер ќе добијат три картички. Секоја десета ќе добие купон во вредност од 500 евра.
Нехамер истакна дека за оваа цел ќе се потрошат околу милјарда евра, а на твитер подоцна појасни дека купоните може да се користат во продавници, во туристичко-угостителскиот сектор и за културни и спортски настани.
извор:Н1