Пет отсто покачување на платите ќе добијат вработените во јавните здравствени установи, односно 19 123 здравствени работници. Тоа беше дел од спогодбата потпишана денеска за утврдување на повисока плата во здравството. Средно медицинскиот кадар ќе добиваат дополнително 1500 денари, докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники на септемвриската плата ќе имаат плус 3756 денари.
„Лекарите специјалисти во општите болници 4060 денари, а докторите специјалисти на универзитетските клиники за хирушки болести почнувајќи од септемвриската плата ќе им биде повисока за 4548 денари“, изјави премиерот Зоран Заев. На оваа сума се додава и надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.
„Убеден сум дека со оваа фаза од зголемување на надоместокот за прекувремената работа, дежурставта и ноќен труд, како и зголемување на платите ќе се даде значителен стимул за подобруавње на положбата и достоинството на сите работници во македонскиот здравствен систем“, вели министерот за здравство Венко Филипче. Ова е потврда за социјален дијалог помеѓу социјалните партнери, потенцираше Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здарвство, фармација и социјална заштита.
„Најголемата придбивка во целата оваа ситуација е исполнување на обврската на Владата за ова покачување, а најбитното за нас како синдикат е бидејќи ова се однесува за сите вработени во здравството“, изјави тој.
Зголемувањето на платите не се однесуваат и на матичните лекари кои ги има околу 1500 во нашата земја, на ова министерот истакна дека се во преговори за измени кои тие ги бараат.
„Некои промени веќе се направија кај матичните гинеколози, но исто времено работиме и на начинот на кој ќе ги имплементираме системските промени, а тоа се како ќе се олесни трансферот на пациентите од една оридинација во друга, од еден доктор во друг. Но и нешто што е многу битно и нешто што мислилме дека значајно ќе го зајакне овој сегмент од здравствената заштита, а тоа е како приватните матични лекари да ги вклучиме во јавниот здравствен систем посебно во деловите на државата во руралните средини каде што недостасуваат доктори во здравствените домови“, изјави Венко Филипче.
За досегашното не исплаќање на дежурствата на специјализантите, Филипче истакна дека сите специјализанти ќе ги добијат средствата, а проблемот во исплатата го гледа во односот помеѓу Фоднот за здравстевно осигурување и Клините.