Од 180 на 90 дена се намалува потврдата за прележан ковид-19 за граѓаните на Кипар. Одлуката на владата ќе стапи во сила на 31 јануари 2022 година. Од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека независно од тоа кога е извадена потврдата, важноста ќе биде до 90 дена по првиот позитивен резултат и ќе важи за внатрешноста на земјата.
На самата потврда и понатаму ќе пишува дека е валидна 180 дена согласно европските правила, но шесте месеци ќе бидат само за патување вон границите на Кипар и согласно условите и ограничувањата на другите земји.
Потврдата за прележан ковид-19 и во Грција важи три месеци, откако на почетокот на декември минатата година, со одлука на владата, валидноста беше намалена од 180 на 90 дена.
МИА