Покрај класичните топли напитоци, како чај, млеко, кафе, кои можат да не загреат во студените месеци, има уште неколку намирници и јадења кои ја имаат истата моќ.
Овесна каша
Кога живата паѓа под нулата, тоа е идеалното време за овесна каша. Со неа ќе внесете доволно влакна, бидејќи содржи растителни протеини, а ќе ве засити. Влакната ќе ви помогнат да ја одржите тежината и да ги прочистите цревата, што може да ве спаси од разни болести на дигестивниот тракт. Бета-глуканот во овесот, го намалува нивото на холестерол во крвта, а содржи и витамин Б1, кој е важен за функционирањето на мозокот и нервниот систем. Уште повеќе ќе ја зголемите хранливата вредност доколку додадете малку семки.
Црн грав
Ништо нема да ве стопли подобро од гравот зачинет со чили. Црниот грав е одличен извор на железо и ќе им помогне на мускулите да добијат повеќе кислород. Исто така добро влијае и на имунолошкиот систем. Чорбата од црн грав содржи многу протеини и влакна. За разлика од животинските извори на протеини, црниот грав речиси нема заситени масти. Лушпите од црн грав содржат повеќе антиоксидантни флавоноиди од другите видови грав.
Прокељ
Консумирањето прокељ ќе ви помогне да се справите со настинката. Богат е со растителни влакна, а содржи и многу витамин Ц кој може да ги ублажи симптомите. Богат е со фолна киселина, а содржи и витамини од групата Б (ниацин Б3, Б6) и бета-каротен, кој телото го претвора во витамин А. Го снемува горчливиот вкус ако го пржите на маслиново масло.
Супа од тиква
Ако ви недостига витамин А, кој е многу важен за видот, супата од тиква е вистинското јадење. Покрај калциум и витамин Ц, повеќе видови содржат и многу калиум, а храната богата со калиум го намалува ризикот од срцеви заболувања и од мозочен удар. Добра е во комбинација со лук, бибер, но и куркума и други ориентални зачини.
Чили
Чили на јадењата им дава арома и пикантен вкус. Го намалува ризикот од болести како што се артеросклероза и тромбоза. Поради лачењето на ендорфин, чилито буди чувство на среќа. Колку е луто чилито покажува податокот дека само еден грам од некои видови прави лути 10.000 литри вода. Иако не можеме да ја замислиме азиската кујна без чили, таа доаѓа од Мексико.
извор: Kurir.rs