Во февруари треба да биде донесена одлука дали Берлин ќе стане град без автомобили. Тројца пријатели дошле на идејата за Берлин без автомобили уште во 2019 година. Тие ја основаа групата Volksentscheid Berlin Autofrei и тргнаа да ја промовираат својат замисла за ограничување на движењето на автомобилите во делот на градот кај градската железница Ringbahn.
Петицијата собра повеќе од 50.000 потписи минатата година. Идејата сега ја разгледува берлинскиот Сенат, а наскоро ќе биде донесена и одлука. Доколку предлогот биде усвоен, Берлин би бил речиси целосно „исчистен“ од автомобили.
Право на движење би имале само службите за итни случаи, комуналните претпријатија, како и такси и возилата за испорака. Исто така, преку програмите кар-шеринг, жителите повремено би можеле да користат автомобили.
Според последниот извештај од 2014 година, дури 58 отсто од сообраќајниот простор во градот е резервиран за автомобили, каде се одвива и третина од сообраќајот во Берлин.
Од друга страна, само 3 отсто од просторот е наменет за велосипеди, кои сочинуваат 15 отсто од сообраќајот.
„Тоа е важно за нашата непосредна околина, како и за животната средина како целина“, изјави ко-основачот Нина Нобл за Гардијан.
„Сите сакаме да живееме, да дишеме и да играме заедно. Сакаме луѓето да можат да спијат со отворени прозорци, а децата повторно да играат на улица. Бабите и дедовците треба да можат безбедно да возат велосипед и да имаат многу клупи за одморање“, вели таа.
извор: B92.net