Канаѓанка се соочила со остри критики на социјалните мрежи, бидејќи си правела селфи качена на покривот на својот автомобил, додека тој тонел во замрзната река. Кога ја виделе жената како се качува на врвот на возилото кое полека тонело во водата, мештаните побрзале да ја спасат. Жителите од близината на реката Ридо користеле кајаци и јажиња за да ја извлечат од водата.
Официјални претставници на полицијата во Отава изјавија дека автомобилот пропаднал низ мразот на јужниот крај на реката во предградието Манотик, во неделата околу 16:30 часот.
Таа претходно го возела по замрзната река, според очевидци, јавил CTV News.
&
#ottnews pic.twitter.com/Y1FmrpUX5m
— 580 CFRA (@CFRAOttawa) January 17, 2022
;
На видеото се гледа како локален човек влече кајак со жена на него, додека нејзиното возило потонува во реката. Меѓутоа, додека чекала помош, изгледа не се исплашила од опасноста во која се наоѓала, па си направила насмеано селфи.
– За среќа, инцидентот заврши без повредени и благодарение на неверојатниот подвиг на мештаните кои го спасија возачот на автомобилот, користејќи кајак. Уште едно потсетување дека „ниеден мраз не е сигурен мраз“. Бидете исклучително внимателни оваа зимска сезона! – објави полициската управа преку твитер.
извор: Telegraf.rs