Стевчо Јакимовски е позитивен на ковид иако ги почитувал протоколите – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/22 11:56 AM

Стевчо Јакимовски е позитивен на ковид иако ги почитувал протоколите

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски соопшти дека е позитивен на коронавирус.

„Почитувани граѓани, сакам да Ве известам дека денес направив тест за COVID-19 и сум позитивен на корона вирусот. Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на граѓаните, па вирусот не нѐ заобиколи.

Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги превземете сите потребни мерки. Јас се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе се вратам на обврските во Општина Карпош!“, објави Јакимовски на својот профил на Фејсбук.

Извор: Фејсбук