Путин нема да скокне во вода на Богојавление поради короната – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/22 11:56 AM

Путин нема да скокне во вода на Богојавление поради короната

„Рускиот претседател Владимир Путин, поради пандемијата на корона вирусот, денеска на празникот Богојавление нема да се нурне во ледената вода“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека претседателот на Русија ги послушал препораките на претставниците на црквата и дека нема да оди на Богојавленската бања, пренесува РИА Новости.
Путин традиционално се нурнува во ледената вода на Богојавление. На овој верски празник, верниците го слават денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, а на денот илјадници луѓе во Русија се капат во студените реки и езера.

Извор и фото: Telegraf.rs