Избегнувањето на алкохол додека земате антибиотици е едно од оние логични здравствени правила во кои безусловно веруваме, исто како правилото дека треба да чекаме 30 минути по оброкот пред да влеземе да се капеме во море.
Кога се појавија првите антибиотици во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век, тие се сметаа за супер лек, затоа што разорните болести, од обични инфекции до сифилис, одеднаш можеа да се излечат за неколку дена или недели. Тогаш лекарите ги советувале пациентите да не консумираат алкохол за време на терапијата додека целосно не се излекуваат.
Многу луѓе веруваат дека алкохолот ја намалува способноста на антибиотиците да ги уништат бактериите со кои се борат.
Дури 81 отсто од пациентите во болница во Лондон мислеле дека е така. Но, се чини дека антибиотиците продолжуваат да ја вршат својата функција дури и кога алкохолот се појавува во нашето тело, иако симптомите што ги имате може да се влошат. Исто така, алкохолот може да ја влоши состојбата на вашиот имунитет, што ја оневозможува успешната борба против инфекцијата. Проблемот лежи во тоа што алкохолот го спречува квалитетниот сон, го намалува нивото на енергија и го дехидрира телото, а сето тоа се важни фактори за целосно закрепнување, без разлика што антибиотиците ќе продолжат да делуваат нормално.
Иако ефектот на антибиотиците ќе остане непроменет, некои несакани ефекти може да се појават кога лекот се меша со алкохол.
Најчестите несакани ефекти на антибиотиците вклучуваат гадење, вртоглавица, чувство на слабост и дијареа, сите овие несакани ефекти се од консумирање алкохол. Оваа комбинација едноставно може да ги влоши работите и затоа треба да се избегнува.
Извор и фото: kurir.rs