Кевин Спејси нема да биде обвинет за силување – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/18 11:00 AM

Кевин Спејси нема да биде обвинет за силување

Холивудскиот актер Кевин Спејси нема да биде кривично гонет заради обвинение за сексуален напад од 1992 година, бидејќи според законите на Калифорнија, настапила застареност на случајот.

Случајот, во кој жртвата денес е возрасен маж, обвинителите го преземаа во април и оттогаш беше на разгледување. Детали од обвинувањето не се објавени. Обвинителството навело дека за обвинение настапила застареност и дека врз основа на тоа нема да покренуваат постапка. Спејси не бил достапен за коментар.

Актерот изгубил многу улоги во филмови а исто така била откажана и соработката со Нетфликс во серијалот „House of Cards“.